VITAMIN C / BOOSTER СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ СО 25% ВИТАМИН Ц – 30 МЛ.

3.070,00 ден

  • ТОНИРАЊЕ
  • ПРОТИВ ФЛЕКИ
  • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
  • УЛТРА ВИСОКА КОНЦЕНТРАЦИЈА – 25% ВИТАМИН Ц

Нема на залиха

Спореди

Опис

Ултра концентриран витамински коктел!

Како можеме да ви ги овозможиме придобивките од витаминот Ц (anti-aging ефект, отстранување на дамки на кожата и зајакнување на сјајот) на дневна основа и во сите сезони? Потребна ни е експертска грижа за нега на кожата: ултра високи концентрации на витамин Ц (25%), исклучителна стабилност и компатибилност со сите типови на кожа.

  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА VITAMIN C BOOSTER

Модерниот живот понекогаш крие некои лоши изненадувања од нас: загадување, пушење, стрес…кои за наша несреќа ни ги исцрпуваат резервите на витамин Ц. Сепак, овој витамин е клучен за нашата кожа. Овој производ го нарекуваме „Швајцарско ноже“ за убавина: антиоксидантен, проколагенски, антипигментен…

Тогаш како надоместуваме за овој недостаток на Витамин Ц? Технолошкиот предизвик во козметиката е многу покомплициран отколку што изгледа: витаминот Ц е многу нестабилен. Токму оваа проблематика претставуваше возбудлив предизвик за Novexpert и неговиот тим на експерти да ви понуди вистинско револуционерно решение.

Прв остварен предизвик: да се пронајде навистина стабилен витамин Ц комплекс, кој не е осетлив ниту на светлина ниту на топлина.

Втор остварен предизвик: хипоалергенска формула, којашто може да се употребува секојдневно, во текот на целата година и не е фотосензитивна.

Трет остварен предизвик: ултраконцентрирана доза со 25% стабилизиран витамин Ц комплекс.

Нашиот серум со витамин Ц е моќен антиоксидантен производ за нега на кожата. Работи на измазнување на кожата и помага при инстантно подобрување на сјајот. Неопходна формула, која ви дава дневна доза од овој клучен витамин, кој ја гарантира убавината на вашата кожа.

Бројка – 25

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 2 до 3 капки дневно на целото лице и врат, распространете го витамин Ц серумот по целото лице и на одредени делови (пигментациски точки и брчки). Овој серум може да се нанесува самостојно или пред вашата крема. Можете да нанесете шминка веднаш откако ќе се нанесе серумот.

Фреквенција на употреба: наутро и/или навечер.

ШТО ДРУГО?

Сонцето го уништува витаминот Ц во кожата, што е причина за предвремено стареење. Уникатен и практичен, овој серум е сертифициран како нефотосензитивен и нефотоалергиски. Затоа може да се нанесе под вашиот крем за сончање и/или како нега по сончање.

 

25% стабилизиран витамин Ц комплекс. Ултрависока концентрација, која го позиционира овој витамински серум како една од референците во оваа категорија за нега.

РЕЗУЛТАТИ:

ПОМАЗНА КОЖА*

88% од волонтерите си ја забележале својата кожа како инстантно помазна по првата употреба.

ПОСЈАЕН ТЕН**

98% од волонтерите си ја забележале својата кожа како посјајна по 28 дена употреба.

НАМАЛУВАЊЕ НА СЛОБОДНИ РАДИКАЛИ***

-93% намалување на слободните радикали, кои се главната причина за стареењето на кожата.

*Тест на потрошувачи – 69 потрошувачи. % на задоволство по првата употреба – Утринска и/или вечерна употреба.
**Тест на потрошувачи – 69 потрошувачи. % на задоволство по 28 дена употреба – Утринска и/или вечерна употреба.
***Тест спроведен од независна лабораторија. Ин витро резултат, тестот е извршен на стабилизиран витамин Ц.

Reviews

Сè уште нема оценки.

Бидете први “VITAMIN C / BOOSTER СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ СО 25% ВИТАМИН Ц – 30 МЛ.”