БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НАД 1.000 ДЕНАРИ
Опис
За младешка текстура и беспрекорен тен.
Скваланот е бестежинско, мега-хидратантно масло со високи перформанси, кое непосредно хидрира, истовремено задржувајќи ја есенцијалната влажност. Има високи омекнувачки својства, е неверојатен хидратант и може да спречи тековна загуба на хидратација која ја нарушува дермалната еластичност. Скваланот исто така намалува фини линии и брчки, го подобрува еластицитетот, смирува иритации и ја остава кожата неверојатно мека. Може да се нанесува и на коса за да ја зголеми заштитата од топлина, да додаде сјај и да ја намали појавата на искршени врвови. Иако многу популарни производи со сквалан се направени од масло од црн дроб од ајкула, нашиот е одржливо добиен од маслинки, па е 100% вегански и cruelty free. Се апсорбира брзо без да остави масно чувство потоа. Одличен за сите типови на кожа.
ШТО Е ОВОЈ ПРОИЗВОД?
Бестежинско, разноврсно масло богато со нутриенти.
ДА! САМО ЕДНА СОСТОЈКА!
– 100% чисто
– Нерафинирано
– Не содржи алкохол
– Не содржи мириси
– Вегански
– Не содржи парабени
– Cruelty free
– Идеално за сите типови на кожа
– Хипоалергено
– Дерматолошки тестирано
– Не-иритирачко
– Некомедогено
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете неколку капки дневно, или по потреба на целото лице, или на кое место и да му е потребна зголемена влажност без мрсни траги. За лице, користете по вашиот омилен SkinDivision booster и пред крема за хидратација. Исто така може да се нанесе и на коса за да се зголеми заштитата од топлина, да се додаде сјај и да се намали кршењето на врвовите.
СОСТОЈКИ (INCI): SQUALANE (OLIVE DERIVED).
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.
Сè уште нема оценки.