БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НАД 1.000 ДЕНАРИ
Опис
Биокозметички ефект: Инулинот е полимер од Д – Фруктоза, природен јаглехидрат добиен од билки. Органската материја припаѓа на групата полисахариди кои се главни извори на енергија.
Инулинот помага да се омекне и навлажни целиот стратум корниум, го измазнува темелот на влакното, ја прави косата светла и свиленкаста, го омекнува скалпот и дава освежувачки ефект. Кожата станува нежна, а косата добива сјај.
Како растителен полисахарид, инулинот ја зачувува корисната микрофлора на површината на епидермисот, го стимулира имунитетот на кожата, креирајќи заштитна бариера од негативните надворешни влијанија и овозможува подобра апсорпција на корисните биолошки активни супстанци.
Индикации (наменето за): Погодно за сите типови на кожа и коса.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.
Пропратни ефекти: Не се идентификувани.
% состојки од органско потекло
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Погоден за секојдневна нега. Со масирање, распределете го серумот на целото лице до почетокот на абсорпцијата. Не бара исплакнување со вода. Препорачливо е за кожата околу очите.
Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.
За коса: Нанесете по должината на целото влакно, или само на врвовите, не плакнете. Можат да се додадат 3 – 5 капки во регенератор, или во маска за коса.
СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, INULIN, GLYCERIN, XANTHAN GUM, LACTIC ACID, BENZOIC ACID, HIPPOPHAE RHAMNOIDES EXTRACT, URTICA DIOICA EXTRACT, THYMUS VULGARIS EXTRACT, RUBUS IDAEUS EXTRACT, ACORUS CALAMUS EXTRACT.
Сè уште нема оценки.